Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПЕКОЛЕН ТРГОВСКИ ЦЕНТАР: Во пожар во рускиот град Казањ има мртви и повредени

(ВИДЕО) ПЕКОЛЕН ТРГОВСКИ ЦЕНТАР: Во пожар во рускиот град Казањ има мртви и повредени

Едно лице загина, а повеќе од 40 се пивредени во пожарот кој денеска изби во трговскиот центар „Адмирал“ во рускиот град Казањ.

Животот го изгубила неименувана 28 - годишна девојка, која им подлегнала на тешките повреди.

Меѓу повредените има повеќе пожарникари и спасувачи.

[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=fFaZLg7hzLc[/embed]

Оганот зафатил околу 4 000 квадратни метри простор, од кој се евакуирани повеќе од 200 луѓе. Влезот во трговскиот центар е целосно уништено.

pozar trgovski centar

Пожарот избил на првиот кат, каде се запалила кантина со перници. Не е познато како перниците се запалиле, но се дознава дека во трговскиот центар е регистрирано испуштање на гас, што би можело да биде пичина за пожарот. Затоа од безбедност се исклучени сите комуникации за да се спречи понатамошно ширење на пожарот.

pozar trgovski centar 1

Три лица се извлечени од запалените рушевини, но спасувачките екипи стравуваат дека уште луѓе останале заробени во објектот.

[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=M6UZ4Z5tL9s[/embed]

На местото на настанот стигнал министерот за внатрешни работи  Артен Хохорин, како и хеликоптер за гаснење на пожарот.

Според последните извештаи, огнената стихија ослабнала и е локализирана.

Слично

Поврзани вести