(ВИДЕО) Пеколен „пречек“ за новите борци во ИСИЛ
На интернет сервисот Јутјуб се појавија видео снимки кои покажуваат низ каква проверка поминуваат џихадистите кои ќе одлучат да и се приклучат на Исламската држава.
Радикалната терористичка организација се обидува себе си да се прикаже како воена формација, но снимките од нејзините тренинг-кампови сведочат за екстремниот карактер за оваа организација.
Искусните терористи ја проверуваат подготвеноста на новодојдените, удирајќи ги со нога во градите и им пукаат над глава додека се провлекуваат под жица.
На паузата меѓу физичките активности, новите џихадисти слушаат предавања по религиозен фанатизам и имаат обуки за користење на оружје.
Тренинг-камповите на ИСИЛ се меѓу целите на воздушните напади на меѓународната коалиција предводена од САД. Стотици џихадисти од цел свет, меѓу кои и македонски државјани, заминуваат да се борат за радикалната Исламска држава, но веројатно малкумина знаат каков „пречек“ ги очекува таму.
http://www.youtube.com/watch?v=dF_TxybBFvw
Слично
