Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПЕКОЛ ВО ПОПУЛАРНО ЛЕТУВАЛИШТЕ: Торнада и нанесоа штета од 19 милиони евра на Анталија

(ВИДЕО) ПЕКОЛ ВО ПОПУЛАРНО ЛЕТУВАЛИШТЕ: Торнада и нанесоа штета од 19 милиони евра на Анталија

Најмалку 12 лица се повредени кога петто по ред торнадо во изминатите четири дена ја зафатило провинција Анталија на југот од Турција, каде се превртеле автобуси, и се оштетени авиони и аеродромот.


Гувернерот на Анталија Мунир Каралоглу рекол дека во бурата посериозно се оштетени два авиони и полициски хеликоптер. Каралоглу изразил надеж дека најлошото поминало и дека разорните ветрови поминале.

Според неговите зборови, нема потешко повредени во бурата.

Министерот за екологија и урбанизација Мурат Курум изјавил дека во снежната бура и торнада се оштетени 315 објекти.


Турскиот претседател Реџепт Таип Ердоган во текот на митинг во Анталија изјавил дека штетата се проценува на скоро 17 милиони евра.



Foto: Screenshot


Слично

Поврзани вести