(ВИДЕО) ПЕКОЛ ПОД ЧИЗМАТА НА ИСЛАМСКА ДРЖАВА ВО СИРИЈА: Луѓето умираат од глад!
Само во текот на минатата недела во сирискиот град Мадаи , кој се наоѓа под опсада на Исламска држава, од глад умреле пет луѓе, и покрај двете пратки хуманитарна помош кои се испорачани во тој град, соопшија денеска Обединетите нации.
Во извештајот на ОН се наведува дека поради, недостиг на храна, прехрамбените производи во Мадаи достигнале премногу висока цена па така парче бискви се продаваат по 15 долари парче, а млеко во прав по 313 долари за килограм, пишува Ројтерс.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/ajplus/status/688450707146567681?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Локалните хуманитарни работници известуваат дека во изминатите месец дена 23 лица починале од глад во тој сириски град, во кој изминатите две недели стигнале два конвоја хуманитарна помош за 42 000 луѓе кои веќе со месеци живеат под блокада. На итната медицинска специјализирана помош и се потребни и повеќе десетици луѓе надвор од Мадаја, на кои им е таа храна потребна за останат живи, но хуманитарните работници на сириската Арпаска полумесечна и ОН успеале да евакуираат само десетиина од нив, стои во извештајот.
„И покрај доставената помош , од 11 јануари до денес во Мадаи пет лица починале од тешка и акутна неухранетост“, предупреди ОН.
Генералниот секретар на таа организација Бан Ки-мун во четвртокот изјави дека воздушните страни во Сирија, а посебно владата на претседтелот Башар Асад, прават „страшна недела“ и го осуди користењето на изгладнувањето како оружје во војна, која во Сирија трае речиси пет години.

