Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Педесетина мртви во воздушните удари на северот од Сирија

(ВИДЕО) Педесетина мртви во воздушните удари на северот од Сирија

Бројот на жртви на воздушните напади на цивилите на ИСИЛ во Сирија, достигна 50, изјавиле претставници на сириската Опсерваторија за човекови права за Ројтерс.

Има извештаи дека меѓу загинатите има и три деца. Изведени се најмалку 50 воздушни напади и на повеќе од 20 огништа на екстремистите во североисточната провинција Рака и истоимениот град, а на удар е и источната провинција Деир Езор и градот Албу Кемал, на границата со Ирак, соопштила сириската Опсервација за човекови права со седиште во Лондон. Опсерваторијата наведува дека „коалицијата извела 22 воздушни и ракетни напади само на градот Албу Камал“.

Стигнаа и првите снимки на нападите.

Војската на САД објави видео-снимки од лансирање на ракетата „томахавк“ на огништето на ИСИЛ во Сирија.

На првата снимка се гледа исфрлување на ракета од „Arli Burk“, кој спаѓа во зоната на одговорност на американската 5 флота и гаѓа мети на северот од Сирија.

Слично

Поврзани вести