(ВИДЕО) “ПЧЕЛОКАЛИПСА“ : Што значи свет без пчели?
Лоша вест за они коишто се вљубени во пчелите и пчеларството како професија.
Ширум светот многумина имаат семејни бизниси со пчеларство, што значи дека оваа професија е навистина доходовна.
Но, доаѓа момент на изумирање на одредени видови на пчели како поради труењето со пестициди, неоникотиноиди, така и поради климатските промени. Сето тоа се рефлектира врз храната, односно животите генерално, но малкумина се свесни за последиците од катастрофалната апокалипса на некои видови пчели.
Пчелите заминуваат од своите колонии, ги напуштаат своите семејства, а во ова едукативно видео се гледаат страшните последици, за една навидум “неважна“ тема.
Еден податок: Дури една третина од храната во светот што луѓето ја консумираат ќе исчезне доколку тие исчезнат. Милиони луѓе би можеле да изумрат од глад.
Што доведува до колапс на колониите?
