(ВИДЕО) Патник на летот ВС43 снимал за време на принудното слетување
Видеото од ВС43 летот на „Virgin Atlantic“ е снимено за време на нестандардното слетување на аеродромот „Гатвик“ поради проблеми со опремата за слетување, односно дефект на десното тркало.
Видеото покажува снимка од патниците на летот од моментот кога им е кажано дека ќе има принудно слетување.
На патниците им е кажано да заземат позиција за принудно слетување и да не отстапуваат од неа се додека авионот не запре.
Снимателот потоа напишал „Полетавме од Гатвик и пак се враќаме на Гатвик , нашиот авион направи принудно слетуваање со 2 тркала и поима немам како го направи тоа“, опишувајки го тоа како „лудо“ .
Облак од чад еруптирал од тркалата на Боингот откако принудно слетал - после кружењето помеѓу Гатвик и обалата со цел да го потроши горивото во авионот.
Летот требало да биде на релација од Гатвик до Лас Вегас.
