Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПАТНИЦИТЕ ГИ ФАТИ ПАНИКА: На авион му испадна тркалото при полетување

(ВИДЕО) ПАТНИЦИТЕ ГИ ФАТИ ПАНИКА: На авион му испадна тркалото при полетување

На авионот „БОИНГ 757-200“ на „Јунајтед ерлајнс“ му испадна тркалото на опремата за слетување при полетување од меѓународниот аеродром во Лос Анџелес. Патниците беа во паника.  Сепак, тој успеа безбедно да слета во Денвер.

„Тркалото е пронајдено во Лос Анџелес, а истрагата за причините за овој инцидент е во тек“, соопштија од Јунајтед ерлајнс.

Портпаролот на Боинг изјави за АФП дека авионот бил испорачан пред 30 години и дека производството на моделот било прекинато во 2004 година. Ова е веќе трет инцидент со тркала на авиони на Боинг оваа година. 

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести