Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Патиштата во Јапонија прават музика додека возите

(ВИДЕО) Патиштата во Јапонија прават музика додека возите
Наместо со радио, возачите во Јапонија имаат нов начин за да се забавуваат додека возат. Група на јапонски инжињери развија технологија преку која патиштата произведуваат мелодија додека возите со автомобил. Концептот работи со помош на рецки исечени во патиштата на многу специфични интервали. Кога автомобилот се движи со мала брзина, ги удира тие делови и емитува татнеж или тон, па во текот на возењето тие формираат мелодија. Во зависност од тоа со колкава брзина возите, се создава и посебна мелодија со високи или ниски тонови. Постојат три музички ленти во централниот и северниот дел на Јапонија. На едниот од нив додека се возите со автомобил се слуша мелодијата на позната јапонска поп песна. Овие дизајни беа направени од страна на инженерите на институтот во Сапоро . Тимот и претходно работел на нови технологии , вклучувајќи користење на инфрацрвена светлина за откривање на опасни коловози. Како звучи да возите по овие патишта, слушнете на следново видео. [embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=yTsoP3WWgU4[/embed]
Слично

Поврзани вести