(ВИДЕО) Патиштата – реки, квартовите – езера: Ужас во Тексас
Водената катастрофа во Тексас однесе 17 животи. Бројката порасна откако беше пронајдено уште едно мртво тело во Хјустон. Во исто време се уште исчезнати се 11 лица.
Надојдените води полека почнуваат да се повлекуваат во Хјустон. Градот стана воден пекол само за неколку часа и тоа доведе до најмалку три смртни случаи.
Автопатите во четвртиот по големина град во САД станаа реки, а квартовите - во огромни езера. Стотици луѓе беа спасени од поплавените домови.
nbsp;
Појавата на змии и други животни е ужасна последица од трагедијата.
На граничните мексикански територии загинале 13 лица. Неколку десетици се водат како "исчезнати".
Засега нема податоци за степенот на штетата, бидејќи многу од покриените со вода области немаат пристап. Пријавени се за стотици уништени домови и десетици илјади домови останаа без електрична енергија. Илјадници автомобили потонале, однесени се од водата или едноставно се напуштени.
Во понеделникот гувернерот на Тексас Грег Абот објави дека 24 окрузи на државата страдале од поплавите и силни ветрови.
Над 2.500 автомобили биле напуштени по улиците и автопатите во реонот на Хјустон а возачите им барале спас од стихијата.

Слично