Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Пат по кој возат само најхрабрите

(ВИДЕО) Пат по кој возат само најхрабрите

Атланскиот пат е еден од патиштата со најубава глетка во светот, иако е долг само 8,3 километри. Магистралата е направена во Норвешка 1989 година, а денеска претставува дел од норвешкото културно наследство и дел од туристичките тури.

На кратката траса, направени се дури 8 мостови и неколку вијадукти.

Направен е со цела да поврзе неколку помали села и острови. 

Во текот на изградбата, која траеше 6 години и чинеше околу 25 милиони долари, во тоа подрачје имало дури 12 урагани кои не успеаја да спречат патот да не биде завршен.

Силните ветрови и бранови кои често удираат околу овој пат денес се дел од туристичката атракција и ги прават глетките уште попривлечни.


Слично

Поврзани вести