(ВИДЕО) ПАРИЗ: Вооружениот напаѓач уапсен, заложниците ослободени!
Вооружениот маж кој држеше неколку заложници во пошта во севернозападното предградие на Париз, и се предал на полицијата, наведуваат полициски извори. Тој рекол дека е „разочаран во љубовта“, изјавиле локалните претставници.
Човекот бил вооружен со автоматска пушка „калашников“, пиштол и бомби, пренесуваат француските медиуми.
Инцидентот започнал околу 12 часот, кога мажот вооружен со калашников, пиштол и бомби, упаднал во пошта во Коломбу, предградие во главниот град на Франција, каде земал неколку заложници.
Напаѓачот е „разочаран во љубовта“, рекол еден претставник за весникот „Либерасион“ додавајќи дека станува збор за човек кој ја „изгубил главата“ и кој говори дека му е „скршено срцето“.
Други извори пак рекле дека мажот говорел „неповрзано“, пренесува АФП.
Напаѓачот од претходно и е познат на полицијата поради помали сериозни кривични дела.
