Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Париз во пламен откако полицајци малтретираа црнец

(ВИДЕО) Париз во пламен откако полицајци малтретираа црнец

Бурни протести избувнаа во париското предградие Сен Дени синоќа и траеја до раните утрински часови денеска, откако се дозна дека полицајци силувале и малтретирале млад црнец. 

Прозорците на многу институции и продавници беа искршени, имаше запалени автомобили, а бројот на настраданите и уапсените не е познат.

Се започна со апсењето на 22-годишен црнец маж, идентификуван како Тео.

При апсењето полицајците го малтретирале. Како резултат на тоа,  тој добил сериозни повреди, бил примен итно во болница и опериран.


Едниот од полицајците е обвинет за силување, а три други се уапсени за соучество.

Сен Дени е северно предградие на Париз, со население од околу 150.000 лица. Во центарот има истоимена базилика во која се закопани повеќето француски кралеви.

Во реонот се наоѓаат мноштво општински станови изградени за време на индустрискиот пораст на Франција во средината на минатиот век, во кои сега незаконски се сместени сиромашни Французи и имигранти. 


Слично

Поврзани вести