Економија, финансии, бизнис

Контакт

Париз е поплавен - се излеа Сена

Париз е поплавен - се излеа Сена

Повеќе патишта денеска се затворени поради излевање на реката Сена во главниот град на Франција, Париз, а крстарењата се откажани.

Патиштата долж брегот на Сена од источниот дел на градот, кои водат кон Ајфеловата кула се затворени, затоа што нивото на водата е најмалку 3,3 метри над нормалното ниво.

Синоптичарите соопштија дека нивото на водата ќе продолжи да расте во наредните денови.

Од утре, на неколку дена ќе бидат затворени и шест железнички станици во близина на Сена.

Официјални лица предупредија за ризикот од поплави во источните региони на Франција, поради обилните дождови во изминатите неколку недели. 

Слично

Поврзани вести