Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПАРАДА ЗА 9 МАЈ: 11.000 војници на Црвениот плоштад!

(ВИДЕО) ПАРАДА ЗА 9 МАЈ: 11.000 војници на Црвениот плоштад!
Рускиот претседател Владимир Путин ги поздрави руските трупи на масовната парада на руската армија на Црвениот плоштад, по повод 9-ти Мај - Денот на победата над фашизмот. „На денешниот ден ја славиме семоќната сула на патриотизмот, тоа е прослава на која на посебен начин чувствуваме што значи да се биде лојален кон татковината и колку е важно да се бранат своите интереси“, изјави Путин пред војниците и ветераните од Втората светска војна. http://www.youtube.com/watch?v=IGk-NRcRAaU На парадата, на која покрај Путин присуствува и рускиот премиер Димитриј Медведев, учествуваат околу 11.000 војници. Во воздушните егзибиции над Црвениот плоштад учествуваат и 68 авиони и хеликоптери. Според најавите на руските медиуми, Путин во текот на денот би можел да го посети и Крим, првпат откако украинскиот полуостров се припои кон Русија, па и таму ќе присуствува на воена парада. Иако, германската канцеларка Ангела Меркел се обидела да го предупреди Путин да не оди на Крим заради чувствителноста на ситуацијата таму. http://www.youtube.com/watch?v=hjpPpwgZ-g4
Слично

Поврзани вести