Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Паоло Коељо се извини на Франција и на Брижит Макрон за навредите

(ВИДЕО) Паоло Коељо се извини на Франција и на Брижит Макрон за навредите

Познатиот бразилски писател Паоло Коељо илјада пати се извини за навредите и недипломатските изјави што на Франција и на францускиот претседател, Емануел Макрон ги упати претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро за пожарите во Амазонија.

Тој на Твитер создаде движење на поддршка на првата дама на Франција, Брижит Макрон.

„Ова е тажно видео со кое им се извинувам на моите француски пријатели за кризата. Јас би рекол поради хистеријата на Болсонаро кон Франција, францускиот претседател и неговата сопруга“, изјави Коељо на снимката објавена на Твитер.

Коељо е роден во Рио де Женеиро во 1947 година и е еден од најчитаните автори во светот, а неговиот  роман„Алхемичарот“ е продаден во десетици милиони примероци.


Слично

Поврзани вести