(ВИДЕО) Паника во Бразилски Конгрес: Пратениците вршитеа како девојчиња пред глувци
Расправата во бразилскиот конгрес за големиот корупциски скандал на нафтениот гигант „Петробрас“ била на кратко прекината кога, засега непознато лице во салата пуштило глувци, хрчаци и стаорци, што предизвикало општ хаос.
Глодарите се пуштени во салата синоќа на сред обраќањето на благајникот на влаедеачката Работничка партија Жоаоа Вакарија Нета и предизвикале паника меѓу политичарите и новинарите , пренесува агенцијата АФП.
Обезбедувањето потоа од салата на Конгресот ја извело личноста одговорна за пуштањето на глодарите, чиј идентитет не е откриен. Набрзо се фатени и избеганите животи, па расправата која според оценките на присутните прераснала во „циркус“ повторно била продолжена.
Вакари е еден од 27-те луѓе на кои им претстои судење пред обвиненијата за корупција и перење пари во рамки на корупциски скандал во компанијата „Петробрас“ кој изби пред 13 месеци. Тој наводно примил мито во износ од 1,2 милиони долари, а во скандалот се некои од најпознатите бразилски политичари.


