Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Паника во авион: „Имам ебола, сите ќе ве заразам!“

(ВИДЕО) Паника во авион: „Имам ебола, сите ќе ве заразам!“
Еден 54-годишен Американец предизвика паника во авион со 290 патници, откако на глас извикал „Имам ебола!“, известија медиумите во Доминиканската Република. Тоа го направил среде летот од Филаделфија во Доминиканската Република, а авионот бил изолиран веднаш по слетувањето. Тим од лекари со специјални скафандери влегол во авионот и го изнеле патникот. По спроведеното тестирање за смртоносниот вирус, се испоставило дека тој сепак не е заразен со ебола. Освен тоа, тој никогаш во својот живот не бил во Африка. Патниците со мобилни телефони го снимале влезот на специјалните медицински тимови во авионот, а снимките стигнаа на интернет. Министерството за здравство на Доминиканската Република морало да ја смирува панката со соопштение дека во земјата нема пациент заболен од ебола. Авиокомпанијата Ју-Ес Ервејс испрати извинување до патниците, а против патникот кој неумесно се пошегувал ќе бидат преземени мерки. http://www.youtube.com/watch?v=LJhWVsx1U8c
Слично

Поврзани вести