(ВИДЕО) Паника на аеродром: Во заштитни одела упаднале во авион и одвеле пет лица
Откако летот 237 на Обединетите Арапски Емирати слетал во Бостон во него, после дојавата дека пет патници имаат сиптоми на грип, влетала лекарска екипа во заштитни одела.
Здравствените инспектори под маски се прошетаа меѓу седиштата и одвеле со себе болни патници кои долетале од Дубаи.
Ниту еден од пеетте патници не патувале неодамна во западна Африка каде вирусот на ебола досега однел повеќе од 4000 лица, известуваат од управата и капетанија на Масачусетс.
Сепак, вниманието работи, службените велат дека се одлучиле да ги изолираат и да ја проценат нивната здравствена состојба, јавува Бостон Глоб.
Во авионот имало 187 патници и 19 членови на персоналот, а два патници имале треска па се префрлени во Здравствениот центар во Бостон. Останатите тројца патници, кои немале треска туку други сиптоми на грип, се префрлени во Општата болница.
Двајца патници веќе се тестирани на ебола, а резултатите биле негативни. Состојбата на останатите патници не е позната.
Една патничка мисли дека се работи за членови на едно семејство, а друга пак рекла дека зад неа еден човек цел лет кашлал.
