Економија, финансии, бизнис

Контакт

Видео: Палестински студенти сами направиле соларна кола во окупирана Газа

Видео: Палестински студенти сами направиле соларна кола во окупирана Газа
Палестинските студенти од Ал Ажар Универзитетот сами создале соларна кола која се напојува само од сончева енергија. На ваков чекор биле принудени бидејќи окупацијата на израелската војска во Газа се уште е силна со голем број на контроли и блокади, а граѓаните не можат да наточат гориво од бензиските пумпи бидејќи има огромен недостаток со што нивните автомобили се бескорисни. Возилото има само едно седиште, а сончева енергија собира преку панел кој е поставен на самиот кров. На овој начин ќе може да се движат полесно низ окупираниот град кој е половина парализиран, без гориво и без енергија. Можеби соларната енергија ќе им биде мотив и за напојување на нивните домови.   Според податоци на Обединетите нации, Газа добива само 45% електрична енергија од минималното за одржување на населението во нормални услови за живот.
Слично

Поврзани вести