Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПАЛЕСТИНЦИТЕ СЕ КРЕНАА ПРОТИВ ХАМАС: Ги навредуваа и бараат војната да запре

(ВИДЕО) ПАЛЕСТИНЦИТЕ СЕ КРЕНАА ПРОТИВ ХАМАС: Ги навредуваа и бараат војната да запре

Во Газа, Палестинците пак протестираа против терористичката група Хамас. Тие извикуваа дека Хамас се терористи. 

Протестите на Палестинците против Хамас во северниот дел на Појасот Газа продолжуваат трет ден. Портпаролот на Хамас, Басем Наим, изјави за катарскиот канал „Ал Араби“ дека протестите против војната и разурнувањата се очекувани, но додаде дека тие се насочени против Израел.

Тој тврди дека оние што протестите ги опишуваат како антивладини, „служат на странски интереси“. Протестите се одвиваат во Беит Лахија, Шеџаија и Џабалија, каде демонстрантите повикуваат на завршување на војната и бараат Хамас да се откаже од контролата врз Газа. Тие скандираат „Хамас надвор!“ и носат транспаренти со натписи „Сопрете ја војната“ и „Сакаме да живееме во мир“.

На 7 октомври во 2023 година, Хамас изврши напади во јужен Израел и потоа почна војната. Хамас бараше формирање на независна држава Палестина со главен град Ерусалим, но и ослободување на палестинските затвореници од израелските затвори. 

foto X

Слично

Поврзани вести