(ВИДЕО) ПАЛЕА КОНТЕЈНЕРИ, НАПАДНАА НОВИНАРИ: Пропалестински демонстранти правеа нереди во Берлин
Во судири меѓу полицијата и учесниците на забранетите пропалестински протести во Берлин ноќеска, приведени се 174 луѓе, 64 полицајци се полесно повредени, а еден е тешко повреден.
Собир имаше во берлинскиот кварт Нукоелн, каде што живеат голем број луѓе од арапско потекло. Демонстрантите со пиротехнички средства ги нападнаа полицајците и фрлаа со камења и шишиња. Тие фрлале предмети од прозорците на улица и запалиле контејнери за ѓубре и автомобили, снимајќи сѐ со своите мобилни телефони. Нападнале и неколку новинари. Нив демонстрантите ги обвиниле дека работат за „лажливите медиуми“.
Полицискиот синдикат на БДП остро ги осуди немирите на улиците на Берлин и ги нарече „верска војна“.
Berlin under attack. https://t.co/Go6t7pBlCh pic.twitter.com/5pe4owWnXS
— RadioGenoa (@RadioGenoa) October 18, 2023
„Тука се слават терористичките напади на Хамас и Хезболах. Тој што бара заштита во Германија, нашето гостопримство и демократски соживот не смее да се спротивстави на нашите закони“, се вели во соопштението на БДП.
Историската синагога во Тунис во вторникот беше претворена во урнатини поради масовните немири по експлозијата во болница во Газа.
