Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Паѓаше град со големина на портокал, меѓу повредените има и трудница

(ВИДЕО) Паѓаше град со големина на портокал, меѓу повредените има и трудница

 Топки град големи колку портокал паѓаа во Италија и направија хаос.

18 лица се повредени помеѓу кои и една бремена жена во невреме проследено со град  со големина на портокал, кој денес го зафати италијанскиот град Пескара.

Повредените се префрлени во болница, а бремената жена се здобила со повреди на лицето и главата.

По силното невреме улиците се претворени во реки.

Во невремето паднале и двестегодишни борови дрва во близина на Равена, а поплавени се делови на Ромања и Абруцо.

„Особено сум загрижен поради силните дождови, бидејќи можат да предизвикаат нови поплави и лизгање на земјиштето во Италија“, изјави метеорологот Тајлер Роуз.

Утре се очекува ново невреме во јужна и југоисточна Европа.



Слично

Поврзани вести