Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПАЃАА ПЛОЧКИ И БЕТОН, СЕ ТРЕСЕА ЅИДОВИ: Силен земјотрес на Камчатка

(ВИДЕО) ПАЃАА ПЛОЧКИ И БЕТОН, СЕ ТРЕСЕА ЅИДОВИ: Силен земјотрес на Камчатка

Камчатка денеска ја погоди силен земјотрес од 6.5 степени при што паѓаа плочи и парчиња бетон. 

Како што објави ЕМСЦ потресот бил на 10 километри од градот Вилјучинск, каде живеат околу 25.000 луѓе.

Во Петропавловск-Камчатски ѕидовите се треселе, мебелот се нишал, а предметите паѓале. Некои жители истрчале од зградите.

„Повредени нема, а оштетени се многу објекти“, вели гувернерот Владимир Солодов.

Голем број послаби потреси денеска се регистрирани во централна Турција или на границата меѓу Турција и Сирија. Оваа година имаше смртносни земјотреси во Турција и Сирија. 

Бебе кое спасувачите го извадија од урнатините во Турција по скоро два месеци го споија со неговата мајка која се лекува во болница. 


Слично

Поврзани вести