(ВИДЕО) ПАДНАА СОЛЗИ РАДОСНИЦИ: Децата спасени од пештерата се видоа со родителите
Родителите пуштија солзи радосници откако за првпат по спасувањето oд пештерата во Тајланд им беше дозволено да ги видат децата.
Децата поминаа две недели заробени во пештерата во Тајланд. Тие денеска од болничките кревети им мафтаа на своите семејства, на кои им беше дозволено да ги видат децата низ заштитно стакло.
„Не им е дозволен влез во болничката соба за да се спречи ризикот од инфекција“- изјави докторот Чаијавеј Танапаисарн.
Тој објасни дека три од децата се на лекување поради воспаление на белите дробови, но проценува дека сите ќе бидат пуштени од болница за една недела.
Лидерот на маринците кој ја надгледувал спасувачката мисија, контра-адмиралот Апаорн Јуконгкаеу, ги поздрави напорите на сите меѓународни соработници.
