Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПАДНА СПАСУВАЧКИ ХЕЛИКОПТЕР ВО СЛОВАЧКА: Четворица загинати!

(ВИДЕО) ПАДНА СПАСУВАЧКИ ХЕЛИКОПТЕР ВО СЛОВАЧКА: Четворица загинати!

Во пад на хеликоптер на итната помош во шумите близу Банска Бистрица во централна Словачка загинале четири лица, 38-годишен пациент, лекарка, спасувач и пилот, потврди утрово словачкиот министер за внатрешни работи Роберт Калинјак.

Хеликоптерот се урнал синоќа набрзо после полетувањето во непрооден планински терен. Превезувал маж со тешко повредена нога, во болницата во Банска Бистрица.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/RehakLubomir/status/773781732151681024?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

„Спасувачките служби нашле ноќеска остатоци од хеликоптерот и четири тела без знаци на живот“, рекла утрово пред новинарите Зузана Хопјакова, портпарол на Ер-Транспорт Јуроп (АТЕ)-чиј хеликоптер се урна.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/0WnS-tzxF2E[/embed]

Остатоците после неколку часа трагање се најдени со помош на термовизија.

„Хеликоптерот полетал. Набрзо, околу минута подоцна, се сушнал пригушен удар. Не знаевме што се случило но одеднаш не го слушнавме хеликоптерот. Пожарникарите веднаш тргнале да видат што се случило. Планински терен е и шума, нема далноводи каде би можел да се закачи“...раскажува камерманот Питер Буран кој бил на местото кога хеликоптерот го преземал пациентот.

Пилотот Јан Рушин имал 50 години и повеќе од 4640 часа лет. Бил еден од најискусните пилоти во компанијата и во итната помош летал од 1995 година, рекла портпаролката на АТЕ.

Спасувачки хеликоптер се урна во Словачка последен пат во јули минатата година, кога тргна по болно 10 годишно момче и закачи електрични далноводи. Леталото се урна во реката Хорнад а во несреќата загинале четири лица.

Слично

Поврзани вести