(ВИДЕО) Овој аеродром е кошмар за секој пилот
Аеродромот „Лидс Бредфорд“ е еден од оние аеродроми на кои за време на слетувањето може да добиете „морска болест“. Кога дуваат ветрови, како на прикажаната снимка, леталата толку многу се занесуваат што пилотите мора да дадат се од себе за да се спуштат безбедно на земја.
Станува збор за аеродром кој се наоѓа на највисоката надморска висина во Британија па кога времето е лошо тука дува ветер и со брзина од 170 километри на час.
Токму поради тоа пилотите прво се препотуваат кога ќе го видат овој аеродром во својот план за летање, а потоа и за време на слетувањето, каде се на тест во кој мора да ги употребат сите свои вештини.
Оваа интересна видео – снимка, која беше направена пред некој ден, говори за тоа колку навистина е тешко да се одржи леталото во саканиот правец кога ветровите дуваат странично врс вас.
Аеродромот во Лидс се смета за еден од најтешките за слетување во светот кога временските услови не се идеални.
[embed]http://www.youtube.com/watch?v=HmdWRYgLD3o[/embed]
Слично
