(ВИДЕО) ОВИЕ ЗБОРОВИ ГИ ИЗВИКАЛА КОГА ПОЛИЦИЈАТА ТРГНАЛА КОН НЕА: А потоа се РАЗНЕЛА со бомба
Асна Етбулахасен, жената кој во Париз се разнесе со експлозив во текот на акцијата на француската полиција, се обратила кон специјалците пред да се саморазнесе. Нејзиното дерење е права мистерија.
Асна била обвиткана со експлозив и чекала да и се приближи полицијата а таа цело време повторувала „помогнете ми, помогнете ми, помогнете ми“ пред да се разнесе. Медиумите пренесуваа дека Асна била порано оваа година во Сирија каде се борела во редовите на „Исламска држава“.
Очевидец познат само како Кристијан (20) тврди дека ја видел жената на третиот спрат како вика и бара помош. Полицијата и одговорила „држи ги рацете дигнати, ќе пукаме“. Повеќе пати ги подигала и спуштала рацете, а потоа се слушнала силна експлозија. Таа се самоубила, а покрај неа настрадало и полициското куче.
Поради што барала помош од истата полиција која дошла да ја уапси? Дали сакала да ги намами да дојдат повеќе и да ги однесе и нив со себе во смрт? „Помош“ е последниот збор кој очекувате да го слушнете од бомбаш-самоубиец.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/VW5KJZjNQAE[/embed]