Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) OВДЕ ЏИХАДИСТИ ЗАКОПУВАЛЕ ЖИВИ ЖЕНИ: По ѕидовите во затворот тие со ноктите цртале слики од својот живот и живеат во мрак!

(ВИДЕО) OВДЕ ЏИХАДИСТИ ЗАКОПУВАЛЕ ЖИВИ ЖЕНИ: По ѕидовите во затворот тие со ноктите цртале слики од својот живот и живеат во мрак!

Во пустината на северот на Сирија се откриени застрашувачки затвори во кои „Исламска држава“ ги држела жените затворенички. Џихадистите биле приморани да се повлечат од оваа територија па така се пронајдени овие затвори кои биле ископани под пустината.

Курдиските војници ги пронашле малите затвори кои биле ископани во северна Сирија. Се верува дека жените биле заробувани во околината на Синјар во Ирак, каде се држени како затвореници во келиите.

Во овие келии едвај имале простор да се поместат и секој ден го поминувале во потполен мрак. Очајните затворенички изгребале потресни слики од своите куќи на ѕидовите на овие комори. На една од нив се прикажува куќа и градина со автомобил паркиран напред, како и дневник на една од затвореничките.

Припадниците на „Исламска држава“ убиле стотина жени и киднапирале над десетина жени кога влегувале од Сирија во северен Ирак минатата недела. Но курдиските војници со подршка на коалицијата и воздушните напад повторно ја превземале оваа област.

Некои тв екипи дури и известувале за погребувањето на телата на џихадистите кои ги виделе во плитките гробови покрај патот. Исламската фабрика за бомби во која се направени уредите за самоубијците е срушена во текот на бомбардирањето.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/d_KmHSbjPOk[/embed]  
Слично

Поврзани вести