(ВИДЕО) ОВА СЕ СЛУЧУВА ЕДНАШ ВО НЕКОЛКУ ГОДИНИ: Расцвета пустина во Чиле
Расцвета пустината Атакама во Чиле.
Најсувата пустина на планетата, чилеанската Атакама, во последните денови е покриена со бели и виолетови цветови по раните дождови во текот на зимата. Ова е прво вакво цветање од 2015 година.
Атакама е позната како „Дисиерто Флорида“ (Цветната пустина), затоа што на секои неколку години е прекриена со цвеќиња, кога вистинските нивоа на врнежи и температура се совпаѓаат за да ги разбудат заспаните пустински семиња, пишува „Си-ен-ен“.
Во 2022 година, чилеанската влада најави создавање на нов национален парк во пустината Атакама, во обид да ги заштити овие ретки цветови заедно со дивиот свет.
Слично
