(ВИДЕО) ОВА СЕ СЕЛА КАДЕ ЖИВЕЕЈА ЕРМЕНЦИ: Денес му припаѓаат на Азербејџан, но се празни и уништени
Министерството за одбрана на Азербејџан објави снимка од две села во регионот Карабах кои сега се под нивна контрола.
Некогаш тука живееле Ерменци, а сега е празно.
Се работи за селата Хоџик во Губадлинскиот регион и Ховуслу во Џебраилскиот регион.
Со договорот меѓу Ерменија, Азербејџан и Русија за Карабах, Баку меѓу другото, ги добил назад и Агдамскиот регион и Келјбаџарскиот регион.
Ерменците не се задоволни од договорот и бараат поништување, или оставка на нивниот премиер Никола Пашинјан. Илјадници Ерменци и вечерва се на улиците на главниот град Ереван.
Руските мировни сили пристигнаа во Нагорно Карабах откако Москва посредуваше во постигнувањето на мировниот договор, кој на Ерменија ѝ овозможи да избегне апсолутен пораз во спорната енклава.
