(ВИДЕО) Ова се најсмртоносните лавини во историјата - однеле 30.000 животи
Во текот на изминатите децении лавините однеле илјадници животи и обично се случувале за време на зима или по земјотрес.
Последната смртоносна лавина се случила пред две години.
Планина Уаскаран во Перу - 20.000 животи
Земјотрес под морето довел до рушење на планината од 6.768 метри, а брзината била 160,9 км на час. Над два милиони кубици лед и кал се срушиле и убиле 20.000 луѓе. Ова се случило во 1970 година.
Тиролски Алпи - 10.000 жртви
Во 1916 година во Алпите имало низа лавини. Тие биле предизвикани од човечки фактор. Поточно, имало експлозии и заедно со снегот тие убиле 10.000 луѓе.
Планина Хуараскан во Перу - 4.000 жртви
Таа е изгаснат вулкан на Андите од кој се откинал глечер. За 7 минути лавината покрила 9.5 км. Таа продолжила преку Санта Ривер и убила 4.000 луѓе.
Паншир во Авганистан - 310 жртви
Оваа провинција во 2015 година е зафатена од повеќе лавини кои уништиле 100 куќи и убиле 310 луѓе.
Швајцарски Алпи - 265 жртви
При оваа лавина штети имало во Швајцарија и Австрија, уништетни се површини со шуми и загинале 265 луѓе.
