Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Ова се кондомите на иднината – се прават главно од сол и вода!

(ВИДЕО) Ова се кондомите на иднината – се прават главно од сол и вода!
Експертите на Универзитетот во Волонгонг во Австралија ја претставија новата генерација кондоми. Овој пронајдок може во целост да промени се што сте знаеле за кондомите досега. Научниците развиле нов материјал за изработка на кондомите, кои освен што помагаат во спречување на несакана бременост, штитат од голем број сексуално преносливи болести. „Нашата цел е да се замени латексот со нови материјали, кои пред се ќе овозможат поголемо ужување, но и заштита“, вели  д-р Роберт Горкин, раководител на истражувањето. Таканаречените „кондоми на иднината“ ќе бидат изработени од помек материјал, многу посличен на кожата, а главна задача на експертите е да се развие материјал кој освен својата издржливост и подоброто прилагодување, ќе биде успешен во заштитата. „Главниот состав на новиот материјал се вода, сол и полимерни врски, заради кои тој е влажен, мек, но и исклучително издржлив, значи речиси невозможно е да се скине“, објаснува д-р Сина Нафиси, од овој проект. http://www.youtube.com/watch?v=Bw12aTeIAsI
Слично

Поврзани вести