Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ОВА ГИ ЗАЧУДИ ЕКСПЕРТИТЕ: 150 китови се насукаа на плажа

(ВИДЕО) ОВА ГИ ЗАЧУДИ ЕКСПЕРТИТЕ: 150 китови се насукаа на плажа

150 китови се насукаа на плажата Хамелин Беј во Австралија, на 300 километри јужно од градот Перт. Китовите утринава ги виделе рибари и веднаш ги повикале спасувачките служби.

Се работи за китови пилоти, вид познат по масовните насукувања. Австралиските власти објавија предупредување за опасност од ајкули.

Повеќе од половина од китовите умреле, соопштија австралиските власти. Операцијата за спасување сѐ уште трае.

„Тежината на китовите и временските услови ни ја отежнуваат работата. Дефинитивно ќе ни ги отежни напорите да ги вратиме китовите во морето“- изјави Џереми Чик од Одделот за паркови и дивина.

Не се знае која е причината за насукувањето на китовите. 

Најчесто се движат во длабоките води, а дел од научниците веруваат дека постои поврзаност на насукувањето со инфекциите и паразитите кои влијаат на работата на нивниот мозок и ин штети на оријентацијата во морињата.

Во 1996 година во Австралија се насукаа 320 китови.


Слично

Поврзани вести