(ВИДЕО) ОВА Е ЗАСТРАШУВАЧКО: Цел остров го снема од лицето на Земјата
За 30 часа еден остров го снема од лицето на земјата.
Ураганот Валака потопи остров од Хавајскиот архипелаг.
Oстровот Исток целосно е потопен, покажуваат податоците од сателитот на Службата за зачувување на рибните ресурси и диви животни во САД.
Долг е околу километар, а широк 120 метри. На Исток се наоѓаа половина од зелените морски желки кои се наоѓаат на раб на изумирање. Истражувачите сè уште не го оцениле степенот на закана за локалниот див свет, но предвидувањата се лоши. Островот од 11 000 квадратни метри, кој се наоѓал на оддалеченост од 650 километри североисточно од Хаваите, потона целосно. Валака, еден од најсилните урагани во историјата на Пацификот, со ветер со брзина од 200 километри на час, го уништи островот за нешто повеќе од едно деноноќие.
„Изгубивме цел остров“, вели Чим Флечер, метеоролог од Универзитетот на Хаваи.
Тој вели дека знаел дека островот ќе заврши под вода, но очекувал тоа да се случи постепено дури во текот на следната деценија.
Архипелагот го сочинуваат 24 острови во северниот дел на Пацифик. Научниците се плашат дека поради промената на климата може да исчезнат и други острови.
