(ВИДЕО) Ова е снимката која докажува дека малезискиот авион бил соборен?
На интернет се појави видео снимка, за која се тврди дека е од соборениот патнички авион на „Малезија Ерлајнс“ и тоа токму во момент кога е погоден со ракета на небото над Украина.
Според првичните претпоставки, авионот бил соборен со ракета земја-воздух, а оваа аматерска снимка може тоа да го потврди, доколку се докаже нејзината веродостојност.
Малезискиот патнички авион Боинг 777 се урна додека ја надлетуваче источна Украина, при што загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.
Засега никој не ја презема одговорноста за соборување на авионот, а украинската и руската страна си упатија меѓусебни обвинувања. Погледнете го видеото:
http://www.youtube.com/watch?v=4Q2__0Lo0bo
Слично
