(ВИДЕО) Ова е сликата на Австрија по силното невреме кое однесе жртви
Невремето ја парализираше Австрија и однесе во смрт две девојчиња и три жени.
Возовите од Виена до Венеција се пренасочени преку Салцбург, а во прекин се и регионалните возови.
Возовите не сообраќаат во провинциите Корушка и Штаерска, откако ветровите со брзина до 140 километри на час ги урнаа столбовите за струја.
Две деца загинале вчера, а десетина луѓе се повредени, од кои некои потешко, при пад на дрвја во близина на езеро во Корушка, во Св. Андри.
Најмалку 13 лица загинаа во невремето со пороен додж и силен ветер што вчера попладне зафати делови од Европа. Невреме имаше и во Франција и Италија. Деновиве, силен ветер направи штети и во Љубљана.
Слично
