Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ОВА Е САМО ПОЧЕТОК: Терористите пак ѝ се заканија на Франција

(ВИДЕО) ОВА Е САМО ПОЧЕТОК: Терористите пак ѝ се заканија на Франција

Заканите од прирадниците на Исламската Држава не прекинаа со вчерашниот масакр во Париз.

Џихадистите објавија ново видео на кое и се закануваат на Франција и велат дека „Ова е само почеток".

Снимката осамна само неколку часа откако во синхронизираните напади, терористите убија 129 во Париз.

„Сè додека продолжувате да бомбардирате, нема мирно да живеете. Ќе се плашите да појдете и до пазар“, рекол еден од екстремистите на арапски, опкружен со други припадници на ИСИС, наведува британската агенција „Ројтерс“.

Видео снимката во која ИСИС ѝ се заканува на Франција можете да ја погледнете ОВДЕ.

Исламската Држава денес и се закани и на Албанија преку порака испратена на маил на  албанскиот министер за внатрешни работи Саимир Тахири.

1447505564email-300x180

Сега сте вие на ред! Почна светата војна против оние кои учествуваат во борбата против ИД. Ќе се плашите и ќе молите на колена пред Алах, пишува во пораката која завршува со традиционалниот исламски извик „Алах е голем!“. По ваквата порака припадниците на антитерористичките единици на албанската полиција започнале истрага. Албанскиот премиер пак, Еди Рама  на вонредна седница побара од сите институции да преземат дополнителни мерки за зголемување на нивото на безбедност.
Слично

Поврзани вести