Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Ова е Родригез: Човекот кој бил популарен од Битлси, а не знаел за неговата слава

(ВИДЕО) Ова е Родригез: Човекот кој бил популарен од Битлси, а не знаел за неговата слава
Музичка легенда Сиксто Родригез, целиот живот го поминал во сиромаштија, незнаејќи дека милиони луѓе лудуваат во неговата музика. Родригез на седумдесет години, дознава дека во Јужна Африка е попопуларен од Битлски, Елвис Присли и Ролинг Стоунс. Неговото име било едно од музичките легенди што твореле во седумдесеттите. sixto-street_1459633a Кога прв пат настапил во некој бар во Детроит, продуцентите мислеле дека го пронашле новиот Боб Дилан, но публиката во САД не се согласувала. Откако неговиот дебитен албум не успева, тој исчезнува од сцената, а во јавноста кружат гласини дека се самоубил. „Јас бев спремен за светот, но тој не беше за мене”- вели рок-легендатата Родригез. Како и да е, неговиот албум стигнува до Јужна Африка каде ги руши сите рекорди за најпродавани албуми. Освен тоа, неговата песна станува и неофицијален ,,саундтрак” за младите кои протестираа против апартхејдот. Четириесет години подоцна, неговата публика открива дека нивниот музички херој е жив. Неколку години подоцна, тој ги држи најголемите концерти во Јужна Африка пред илјадниците фанови за кои не знаеше дека ги има. За неговата животна приказна е направен и документарен филм, кој можете да го погледнете на следново видео. [embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=LXee4Elv0n4[/embed]
Слично

Поврзани вести