Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Ова е реткост, има снег на Хаваите

(ВИДЕО) Ова е реткост, има снег на Хаваите

Снег има на Хаваите. 

Снегот на повисоките места на тропските острови почнал да паѓа во петокот, а метеоролозите издадоа тревога за виулица со ветер до 160 километри на час. Се очекува дека на планинските врвови на Големиот Остров ќе се наталожи снежна покривка од околу 30 сантиметри.

Американската Национална метеоролошка служба издаде предупредување за снежно невреме на Хаваите, додека такво предупредување нема во ниту еден друг дел од Соединетите Држави.

Климата на Хаваите е тропска и обично нема големи температурни разлики во текот на годината, а во изминатите 100 години најчесто се мерени температури помеѓу 25 и 29 целзиусови степени. Метеоролошката служба сега предупредува граѓаните да не одат на повисоките места на островите, каде се очекуваат сурови и дури опасни временски услови.


Слично

Поврзани вести