ВИДЕО: Ова е последната снимка од нуркачот кој загина во Тајланд
Тајландскиот нуркач Саман Кунан загина во обидот да ги спаси 12-те фудбалери и нивниот тренер, кои се уште се заглавени во пештера на северот од земјата.
Нуркачот загина во четвртокот вечерта во обидот да испрати боци полни со кислород по рутата од која децата и тренерот треба да бидат извлечени, но во обидот тој самиот останал без воздух.
И покрај трагичниот настан, спасувачката екипа прави се што е во нивна моќ да ги спасат заробените во пештерата, а веќе претходно тајландските медиуми потврдија тие се во критична состојба и во трка со времето.
Во меѓувреме, светските медиуми објавија видео од загинатиот Кунан, направена пред започнување на спасувачката мисија.
Слично
