Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Ова е подарокот што Путин му го даде на американски мотоциклист

(ВИДЕО) Ова е подарокот што Путин му го даде на американски мотоциклист

Американскиот мотоциклист Марк Ворен од Алјаска доби изненадувачки подарок - нов мотоцикл Ural, лично од рускиот претседател Владимир Путин.

Марк Ворен, американски мотоциклист, постојано се жалел дека не може да набави делови за да го поправи својот мотоцикл откако беа воведени санкции врз Русија. Вработен во руската амбасада во Соединетите Американски Држави(САД) му ги предал на Ворен клучевите од неговиот нов мотоцикл Ural на паркингот на хотел во Енкориџ, каде што престојуваше руската делегација.

„Морам да кажам дека ова е личен подарок од претседателот на Руската Федерација“, му рече на Андреј Леденев, руски дипломат. 

Ворен тврди дека има голема разлика. 

„Разликата е ден и ноќ. Ми се допаѓаше стариот мотор, но овој очигледно е многу подобар. Кај поновиот, контролите се прецизни. Без зборови сум, неверојатен е. Ви благодарам многу“, рече Ворен.

Неочекуваниот подарок од рускиот лидер дојде откако новинарите од руската државна телевизија Первый канал случајно наишле на Ворен на улиците на Енкориџ пред посетата на Владимир Путин на самитот. Новинарите застанале да се восхитуваат на мотоциклот на Ворен, кој го произведува Ural, фабрика основана во 1941 година во тогашниот Советски Сојуз.

Ворен му рекол на новинарот Валентин Богданов дека се мачел да набави резервни делови за мотоциклот, вклучително и нов стартер. Ural, чие седиште за САД е во државата Вашингтон, соопштил дека сите негови мотоцикли се склопуваат во Казахстан.


Слично

Поврзани вести