(ВИДЕО) Ова е падот на малезискиот авион, руски медиуми тврдат – обид за атентат на Путин!
Руските медиуми вечерва излегоа со тврдење дека при нападот на соборениот малезиски авион, всушност целта бил авионот на рускиот претседател Владимир Путин.
Според информациите на Раша тудеј, малезискиот и авионот со кој Путин се враќал од Бразил се разминале на иста точка, на висина од 10.100 метри.
Претседателскиот авион на Путин таму бил во 16:21 часот по московско време, а авионот на „Малезија Ерлајнс“ во 15:44 часот. „Контурите на авионите се слични, димензиите исто така се многу слични, а што се однесува на боите, на толку голема оддалеченост тие се речиси идентични“, рекол извор за руската телевизија.
Моментот на падот на малезискиот авион на украинска територија е снимен и објавен на Јутјуб. Снимката на пренесе и Си-Ен-Ен, иако засега нема официјална потврда дека се работи за моментот кога авионот паѓа на земјата.
http://www.youtube.com/watch?v=-hbAirCuNnA#t=20
Слично
