(ВИДЕО) Ова е најнискиот човек на светот, со своите 65,24 центиметри влезе во Гинисовата книга на рекорди
Афшин Гадерзадех oд Иран влезе во Гинисовата книга на рекорди како најнизок човек на светот.
Има 20 години, висок е 65,24 центиметри, а тежок 6,5 килограми. Растењето на Афшин било тешко, а затоа што не можел да посетува училиште поради здравствените потешкотии, не научил добро да чита и да пишува. Неговото семејство нема пари за негово лекување, но верува дека по овој успех сè ќе биде поинаку.
Афшин отпатувал во Дубаи за да го посети седиштето на споменатата компанија, каде го измериле и потоа го запишале во книгата на рекорди.
Слично
