Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Ова е најголемиот авион на светот - ќе полета во 2019

(ВИДЕО) Ова е најголемиот авион на светот - ќе полета во 2019

Најголемиот авион на светот „stratolaunch“ кој има распон на крилата од 117 метри, долг е 73 метри и тежи 230 тони е тестиран на пистата на аеродромот „Мохаве“ во Калифорнија.

Видеоснимката од тестирањето на Twitter ја објави сопственикот на компанијата „Startolaunch Systems“  и коосновач на „Microsoft“, Пол Ален.

Ален напиша дека „stratolaunch“ бил изнесен од хангарите на аеродромот „Мохаве“ и дека успешно го поминал првото тестирање.

На снимката се гледа како авионот со шест мотори се лизга по пистата и забрзува, но не полетува.

„Stratolaunch“ е дизајниран како воздухопловна платформа за лансирање ракети со кои би се праќала опрема во ниската орбита на Земјата.

Авионот може да понесе товар од 250 тони, а првото тестирање со лет се очекува во 2019 година.


Слично

Поврзани вести