Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ОВА Е МОМЕНТОТ КОГА СЕ РУШИ КРОВОТ ВО ДИСКОТЕКАТА: Голема трагедија во ноќен клуб во Доминиканска република

(ВИДЕО) ОВА Е МОМЕНТОТ КОГА СЕ РУШИ КРОВОТ ВО ДИСКОТЕКАТА: Голема трагедија во ноќен клуб во Доминиканска република

Најмалку 13 лица загинаа, а повеќе од 70 се повредени кога се урна покрив на дискотека во главниот град на Доминиканската Република, соопштија денеска тамошните власти.

Се уште не е познато како се урнал покривот на овој познат клуб Џет сет.


Спасувачите се уште трагаат по потенцијални преживеани во урнатините на дискотеката Џет Сет, изјави Хуан Мануел Мендес, директор на Центарот за итни операции.

„Претпоставуваме дека многу од нив се уште се живи и затоа властите овде нема да се откажат додека не ги извадиме сите“, рече тој.

Меѓу повредените е и пејачката на меренге Руби Перез, која настапувала кога се урнал покривот.

Меренге е вид на музика и танц од Доминиканската Република, кој стана популарен низ Латинска Америка.

Курир.рс



Слично

Поврзани вести