Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ОВА Е ЛИЦЕТО НА КРВНИКОТ ОД ТЕКСАС: Во црква брутално уби 26 луѓе

(ВИДЕО) ОВА Е ЛИЦЕТО НА КРВНИКОТ ОД ТЕКСАС: Во црква брутално уби 26 луѓе

Гувернерот на Тексас денес изјавил дека 26 лица се убиени, а 20 повредени во нападот кој се случи во баптистичка црква во Тексас, околу 40 км од Сан Антонио.

Претставниците го идентификувале напаѓачот, кој при таа прилика е убиен, како Девин Кели од предградието на Сан Антонио.

Како што рекле, не е забележано дека е поврзан со некоја терористичка група, а во тек е  истрагата на објавите кои Кели ги објавил на социјалните мрежи.

Военото воздухопловство на САД соопши дека Девин Кели, осомничен за нападот, е отпуштен од војската поради наводен напад на својата жена и дете.


Портпаролката Ен Стефанек вчера рекла дека Кели после воениот суд во 2012 година поминал 12 месеци во домашен притвор, а дека потоа е отпуштен поради лошо однесување .

Според зборовите на претставници од Одделот за јавна безбедност во Тексас, напаѓачот бил облечен во црно, носел маскирана униформа и панцир.

Најпрво пукал на црквата, пред да влезе внатре и отворил оган.

Пред излегувањето се соочил со уште еден неидентификуван човек кој исто така имал пушка. Кели подоцна е пронајден мртов во своето возило.


Слично

Поврзани вести