Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Ова е германска населба со екстра ниски кирии

(ВИДЕО) Ова е германска населба со екстра ниски кирии

Балканците последниве години најчесто се селат во Германија, а таму има населба со многу ниски кирии. Станбените единици се со површина од 45 до 65 метри квадратни.

Станува збор за населбата Фугереј која се наоѓа во Аугсбург, каде цената на киријата изнесува само 88 центи годишно. Во 1516 година ја изградил Џејкоб Фугер Помладиот. Таму сакал да ги смести луѓето од Аугсбург кои немале свој имот. До 1523 година изградени се 53 куќи, а потоа е подигната и црква. 

Условите за живот во Фугереј сега се исти како и пред 500 години. Но, за да плаќате ниска кирија, треба да исполнувате повеќе услови. Тоа е да живеете најмалку две години во Аугсбург, да бидете католици и да немате некој имот, но  и да бидете без долгови. Капиите се заклучуваат секоја вечер во 22 часот.

Инаку, неодамна медиумите објавија дека во Шпанија се продава цело село за 260.000 евра. 

И во Италија се наоѓаат живеалишта во рурални средини за многу ниски цени, со услов идните газди да ги реновираат. 


Слично

Поврзани вести