Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ОВА Е ЧУДО: По осум дена Венецуелец е спасен од под урнатините

(ВИДЕО) ОВА Е ЧУДО: По осум дена Венецуелец е спасен од под урнатините

По осум дена поминати под урнатините, спасувачите во Венецуела извлекоа човек. Хернан Алберто Гил Флорес (44) останал заробен 9 метри. Човекот поминал 190 часа под урнатините. 

Пред неколку дена во земјата имаше земјотреси со јачина од 7.2 и 7.5 степени, а медиумите ова спасување го нарекоа „чудо“.  Човекот го нашле во остатоци од урната зграда во тешко пристапна зона и тој е префрлен во болница. Преживувањето по толку долг период под урнатини се смета за исклучително ретко. 

Земјотресите во регионот предизвикаа големи човечки загуби, илјадници повредени и масовни разурнувања на инфраструктурата, а спасувачките служби сè уште работат на пребарување на преживеани. 

Во земјотресите загинаа над 2.200 луѓе. Ваков потрес во Венецуела немало повеќе од 100 години.

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести