Економија, финансии, бизнис

Контакт

Видео: Откриено „смртоносно“ езеро под Мексиканскиот залив

Видео: Откриено „смртоносно“ езеро под Мексиканскиот залив

Научниците открија неверојатно езеро под површината на морето во Мексиканскиот залив, но колку што оваа глетка на природата одзема воздишки исто толку е и опасна поради голема концетрација на штетни гасови кои може да бидат смртоносни за живите организми. Секој, кој ќе се обиде да влезе во него неизмерно ќе страда, изјави професорот Ерик Кордс од Универзитетот Темпл.

– Ова езеро претставува една од најневеројатните работи, кои можеме да ги пронајдеме во длабоко море. Ако тргнете кон дното на океанот и гледате во езерото или реката која тече, целата сцена изгледа како да е од друг свет, вели Кордс.

Водата во ова необично морско езеро е околу пет пати посолена од водата, која го опкружува. Освен тоа, содржи голема концентрација на метан и водород сулфид, кој го спречува неговото мешање со водата околу околното море.

За животните и луѓето, кои се влезат или ќе се нурнат во него, токсичната концентрација на елементи најверојано е смртоносна. Во такви услови можат да преживеат само бактериски форми на живот, црви и шкампи.

За научниците ова езеро е како „детско игралиште“, во кое можат да истражуваат како одредени организми можат да преживеат во толку екстремни услови.


Слично

Поврзани вести